HomeДЕНЕШНАСветСе стега притисокот околу Асанж, Еквадор ќе дозволи испрашување

Се стега притисокот околу Асанж, Еквадор ќе дозволи испрашување

Еквадорската влада ќе дозволи тим на шведски обвинители да го испраша хакерот и активист Џулијан Асанж кој неколку години е заглавен во еквадорската амбасада во Лондон, а токму таму и ќе влезат претставниците на Шведското кралско обвинителство.

Во Шведска се поведени обвиненија за сексуални напади на Асанж, односно две жени тврдат дека додека имале секс тој го скинал кондомот за да ги забремени. Основачот на Викиликс тврдеше дека сексот бил доброволен и побегна за да не се соочи со судење во Шведска и полесна екстрадиција во САД.

Инаку Асанж е под голем притисок поради објавата на хакирани мејлови од Демократската партија на САД во кои се открива заговор против кандидатот Берни Сендерс, како и мејлови од АКП на турскиот претседател Ердоган.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com