HomeДЕНЕШНАСветЗаглавиле на пуст остров, а ги спасиле благодарение на листови од палма

Заглавиле на пуст остров, а ги спасиле благодарение на листови од палма

Тројца мажи одлучиле да пловат, но останале без својот брод откако бил уништен од голем бран среде ноќ, за несреќа ништо не им преостанало освен со пливање да пристигнат до најблисокото копно, пренесува американскиот портал „Еј-би-си“.

Истите се нашле на пуст остров Фандик среде Тихиот океан, но биле иновативни и се сетиле како најлесно да побараат помош. Тие мавтале со појасите за спасување за да бидат видливи од воздух, а воедно на песокот испишале „Help – Помош“ со листови од палма.

За да ги види некој, чекале три дена и три ноќи. Американската крајбрежна стража за нивното исчезнување била известена во вторникот, 5 април. Благодарение на своите знаци, членовите на американската морнарица ги воочиле во четвртокот наутро, 7 април. За среќа луѓето се спасени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com