HomeРЕФЛЕКТОРФилмСе продава мотоциклот на Бетмен!

Се продава мотоциклот на Бетмен!

Мотоциклот користен за снимање на двата филма на Кристофер Нолан за Бетмен е еден од понудените предмети на интернет аукцијата за филмски меморабили. Продажбата беше организирана од страна на лондонската куќа „Prop Store“, а понуди ќе се примаат во наредните 22 дена. Мотоциклот со кој Бетмен крстареше по улиците на Готам во филмовите „The Dark Knight“ од 2008 година и „The Dark Knight Rises“ од 2012, наскоро би можел да заврши во гаражата на некој обожавател. Се очекува овој мотоцикл да достигне цена повисока од 95.000 евра.

2

Поради неконвенцијалниот дизајн, возачот на мотоциклот ќе мора да биде во „положба на Супермен“, а при управувањето да ги користи и рацете и рамењата. Мотоциклот на Бетмен кој ќе биде продаден е еден од осумте направени за потребите на снимањето на филмови на Кристофер Нолан.

Betpod-f2

Бетпод поседува 20-инчни тркала со „Hoosier“ гуми, како и „Хондин“ мотор од 750 кубици. Купецот ќе добие и сертификат од компанијата „Варнер Брос“. Мотоциклот не се наоѓа во состојба погодна за возење, изваден му е акумулаторот, резервоарот за гориво и контролите за гас, како и целата течност од моторот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com