HomeДЕНЕШНАСкопјеСе монтира панорамскиот лифт на крстот на Водно – еве колку ќе чини возењето

Се монтира панорамскиот лифт на крстот на Водно – еве колку ќе чини возењето

За еден месец ќе биде пуштен во употреба панорамскиот лифт на Милениумскиот крст на Водно. Билетот за возрасни и за деца над 14­годишна возраст ќе чини 50 денари, а возењето за децата од 6 до 14 години ќе чини 20 денари. Освен возењето со лифтот, дел од турата предвидува и движење на посетителите по краците на крстот, во присуство на едно лице вработено на крстот кое ќе ги проследува.

Од ЈСП информираат дека ќе се продаваат и комбинирани билети, за возење со жичарницата и лифтот. Таков билет, за возрасни и деца над 14 години, ќе чини 130 денари, односно 60 денари за децата од 6 до 14 години. За групните билети ќе има попуст.

Лифтот е набавен од Франција и чини околу 300.000 евра. Производ е на фабрика која е во првите три најдобри за ваков тип лифтови. Има капацитет за 10 лица, а возењето ќе трае околу една минута.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com