HomeДЕНЕШНАПолитикаСе крчка коалиција меѓу Бошкоски, Кекеновски, Трајанов и Ѓеорѓиевски

Се крчка коалиција меѓу Бошкоски, Кекеновски, Трајанов и Ѓеорѓиевски

По ослободувањето на Љубе Бошкоски аналитичарите со нетрпение очекуваат да го видат неговото враќање во политиката, а меѓу можностите е да се оформи блок на десничарски опозициски партии кои ќе му се спротистават на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да настапат сами на претстојните избори на 11 декември.

Претходно се појавија првите шпекулации дека во новата коалиција би влегле и партиите Достоинство на Стојанче Ангелов, ДЕМОС и МОРО. Засега нема опции за формирање широк опозициски фронт со СДСМ и нејзините коалициони партии. Самиот Бошкоски посочи дека ќе бидат подготвени за изборите, но во кој формат се уште не е познато.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com