HomeДЕНЕШНАПолитикаСе крева „Бунт“ – нови герилски акции во Скопје

Се крева „Бунт“ – нови герилски акции во Скопје

Група на уметници и активисти ги засилуваат герилските акции во Скопје преку новата иницијатива „Бунт“ која се приклучи на протестите, а има своја реторика за пад на владејачкиот режим. Најновата акција е пуштањето на црвената боја во водата на фонтаната на споменикот „Воин на коњ“ на градскиот плоштад. Вчера тие ставија и прашок за перење во фонтаните на плоштадот „Карпошово востание“ што следеше по боењето на Триумфалната капија и истакнување на милионските суми кои се платени за естетски и финансиски сомнителниот проект „Скопје 2014“ кој според нив е израз на суровста на режимот. Токму затоа и црвената боја во фонтаната треба да ги асоцира сите досегашни жртви на власта. Што мислите вие за овој бунт и дали се согласувате со нивните методи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com