HomeГИГА БАЈТПЦСе избира Microsoft Office Specialist од Македонија за светски перспективи

Се избира Microsoft Office Specialist од Македонија за светски перспективи

Преку организација на Националниот натпревар за Microsoft Office Specialist, од страна на Certiadria, (Сертиадриа), Македонија за прв пат учествува на натпревар од светски рамки, покажувајќи ја подготвеноста и компјутерските вештини на учениците од основните, средните училишта и студентите на возраст од 13 до 22 години.

Вкупно 1430 кандидати од цела Македонија, во период од ноември 2015 до мај 2016, полагаа 1960 тестови за Word, Excel, PowerPoint од MS Office 2010 и 2013. Сите оние кои ги положија тестовите се стекнаа со глобално признаени сертификати, како потврда за основната IT писменост која денес станува потреба во секој процес на развој на професионалните способности.

Рангирани според највисоките резултати, најдобите 45 учесници денес се натпреваруваат за титулата Microsoft Office Specialist на Македонија, во познавање на MS Word, Excel или PowerPoint.

semos microsoft2

“Секое знаење заслужува да биде признаено, но и потврдено со соодветна диплома. Нашата цел е да ги поттикнеме младите луѓе да го покажат дека знаат, но и да го валоризираат своето знаење преку стекнување на сертификат препознаен и признаен секаде во светот, кој во образовната и бизнис заедница е единствен валиден доказ за поседување на компјутерски вештини. Одржувањето на ваков тип натпревари е само дополнителна можност за нашите ученици, да ги одмерат своите сили на светско ниво, а нивното знаење да биде наградено со патување во Орландо, Флорида.” изјави Валентина Тасева, претставник на Сертиадриа и генерален менаџер на Семос Едукација.

Финалниот натпревар се одржува во i-bank store на Стопанска банка АД – Скопје, која целосно ќе ја обезбеди главната награда: патување на светскиот натпревар во Дизниленд, Орландо Флорида, на победникот кој ќе ја понесе титулата Microsoft Office Specialist на Македонија. Останатите 6 финалисти од Семос Едукација ќе добијат ваучери за бесплатна обука.

„Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, поддршка за натпреварот обезбедуваме затоа што ја препознаваме потребата кај младите, родени во дигиталната ера, не само да бидат вешти во совладување на достапната технологија, туку и да се носители на развојот на технологијата од иднината.

Токму затоа натпреварот го одржуваме во i-bank store концепт филијалата, каде во фокусот е i-bank платформата преку која Банката во континуитет се обидува да одржи темпо со современите текови и алатки и она што им е  и на тој начин дополнително да се приближува до младите и да им помага да го реализираат својот потенцијал.

Финалисти, уште еднаш искрени честитки за покажаниот успех, остануваме на ваша страна и ви посакуваме многу успеси во справувањето и со идните предизвици.“ – Изјави Диомидис Николетопулос, Генерален Извршен Директор и Претседател на УО при Стопанска банка АД – Скопје.

Град Скопје, од јануари 2016 година, стана партнер во организирањето и спроведувањето на првиот националниот натпревар за Microsoft Office, на тој начин што ги поддржа најдобрите 500 ученици од сите средни училишта кои се во негова надлежност, овозможувајќи им бесплатно полагање на официјален Microsoft Office испит.

„Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски го поддржува натпреварувачкиот дух на младите, посветеното учење и натпреварувањата надвор од рамките на секојдневните училишни обврски. Според него, инвестирајќи во подобрување на дигиталната писменост особено преку формалниот образовен процес ќе се придонесе за подобрување на можностите на младите образовани кадри и подобрување на продуктивноста на работното место, што како резултат ќе води кон општество со висока економска продуктивност.“

“Во економијата на знаење, луѓето во Македонија претставуваат нејзин најголем ресурс. На нив мора да им се даде пристап до стекнување на вештини за да  ги користат можностите на информатичките и комуникациски технологии (ИКТ). Без овие вештини, луѓето имаат поголеми потешкотии за да најдат вработување: основните ИТ вештини се пасош за нови можности за милиони граѓани и претставуваат структурен елемент за привлекување на инвестиции, иновации и отварање на нови работни места во глобалната економија. Според една студија од страна на ИДЦ направена во 2013 година, работодавците бараат кандидати кои имаат 20 специфични вештини. Трета вештина на оваа листа е владеењето со Microsoft Office.  Всушност, вештините за познавање на Microsoft Office програмите се бараат пет пати повеќе од било која друга алатка за продуктивност.” – изјави Љупчо Георгиев– Генерален менаџер на Microsoft Македонија

Првиот Национален натревар воопшто не би бил реализиран без поддршката од страна на Microsoft  Македонија, Стопанска Банка АД – Скопје, Здружение на информатичарите на Македонија, Град Скопје, Општина Струмица и Семос Едукација.

Полагањата на испитите, во период октомври – мај, беа спроведени во низа тестинг центри низ Македонија: средните училишта во Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Семос Едукација, Американ Колеџ Скопје, ПСУ Алгоритам, Полипроект од Штип.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com