HomeДЕНЕШНАПолитикаСе зголемува бројот на контра демонстранти пред СДСМ

Се зголемува бројот на контра демонстранти пред СДСМ

Владејачката партија на мирува вечерва и го извади членството и симпатизерите на протест пред седиштето на СДСМ со пароли дека нема да дозволат Зоран Заев, Верушевски и останатите осомничени за криминални дела да поминат неказнети.

Нивната реакција може да се толкува како контра протест, бидејќи одлуката за целосно запирање на правните постапки и општата аболиција ја донесе претседателот Ѓорѓе Иванов, но тие не излегоа на протест пред неговата канцеларија.

Претседателот на државата денес многу перфидно посочи дека ја донел одлуката за да се смират тензиите и да се надмине кризата, но таа сосема очекувано само ќе се продлабочи по еден ваков упад во правниот и политичкиот процес. Неофицијално се шират информации дека членство на ВМРО-ДПМНЕ ќе се носи и од други градови во Скопје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com