HomeДЕНЕШНАРепубликаСе зголемува бројот на дијабетичари во РМ – мометнална бројка 120 илјади

Се зголемува бројот на дијабетичари во РМ – мометнална бројка 120 илјади

 

Република Македонија брои околу 120 илјади лица кои се заболени од дијабетес, а 35 илјади се на инсулинска терапија. Бројот на заболени се зголемува и затоа неопходно е да се прават превентивни прегледи и мора да се подигне свеста кај населението за ризик факторите за појава на дијабетес поврзани со исхраната, физичката неактивност, зголемената телесна тежина, стресот.

Учесниците потврдија на стручниот состанок во пресрет на Светскиот ден на здравјето – 7 април, кој годинава се одбележува под мотото „Да го победиме дијабетот“ Состанокот го организираше Институтот за медицина на трудот на Република Македонија, Скопје – Колаборативен центар на Светската здравствена организација, во соработка со канцеларијата на СЗО.

Доктор Игор Спироски кој е научен соработник од Институтот за јавно здравје на Република Македонија кажа дека секоја година имаат податоци дека се зголемува бројот на заболени од дијабетес.

„Значи и преваленцата односно вкупната стапка на заболени на 100.000 жители и инциденцата односно бројот на нови случаи на годишно ниво се зголемуваат„ – изјави Спироски.

Исто така тој кажа дека според проценките на СЗО, дијабетесот до 2030 година ќе се искачи повисоко од сегашната ситуација во однос на морталитет, морбидитет, каква ќе биде неговата преваленца, а исто така додаде и дека дијабетесот ќе стане седма најчеста болест во светот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com