HomeДЕНЕШНАРепубликаСе засилува стручниот кадар на клиниките

Се засилува стручниот кадар на клиниките

Речиси 100 нови специјалисти се очекува до крајот на годината да се вратат и да го засилат стручниот кадар во болниците и на клиниките.Овие и многу други општи лекари добија право да специјлизираат на државен трошок пред три-четири години, со обврска со обврска во наредните 10-15 години да останат да работат во болниците што ги испратиле на доедукација. Во некои од јавните здравствени установи беа дефицит, а некаде се уште се како на пример анестезиолози, гинеколози, хирурзи, педијатри и сл.

Така пациентите но и вработените од тетовската болница очекуваат инфузија од лекари токму од овие специјализации, кои специјализираат во реномирани болници во странство а тоа најчесто се во европските болници или регионот. Освен со специјалисти, во тетовскиот Клинички центар очекуваат засилување на лекарскиот кадар и со суспецијалисти и со колеги што се пратени на едукација.

Од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје велат дека кај нив треба да се вратат од специјализација двајца лекари. Според обемот на работа, оваа здравствена установа е една од најфреквентните во јавното здравство, каде што само од почетокот на годината па досега, таму биле хоспитализирани околу 6.000 пациенти, а амбулантски биле прегледани околу 85.000 лица.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com