HomeДЕНЕШНАПолитикаСе засилуваат протестите од двете страни кулминација би можела да се случи в четврток

Се засилуваат протестите од двете страни кулминација би можела да се случи в четврток


Протестите кои веќе седми ден се организираат од страна на граѓанското движење „Протестирам“ се секој нареден протест помасовни, а започнаа  да се шират и во останатите градови низ Македонија. Паралелно со нив масовни протести се организираат и до страна на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Според најавите кулминацијата би можела да се случи в четврток, за кога се најавуваат два големи спротиставени протести. И покрај тоа што ГДОМ се откажаа пред неколку дена од протестите,  сега ќе организираат голем митинг, по закажувањето на новата рунда преговори во Виена, на која в петок треба да присуствуваат лидерите на четирите партии. Протестот ќе се одржи пред Собрание и на него се најавува дека ќе се побара изборите да се одржат на 5 јуни како единствен излез од кризата во која се наоѓа земјата.

Ова е веќе втора недела како траат протестите против одлуката на шефот на државата. Како знак на незадоволство кон протетсите се приклучија и други градови како Битола, Штип, Велес, Куманово, Струмица а за прв пат беа закажани и протести во Прилеп и во Кочани. За денеска е најавен протестен собир во Охрид, а утре во Гостивар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com