HomeДЕНЕШНАСветСе запали авион на „Сингапур ерлајнс“, патниците евакуирани

Се запали авион на „Сингапур ерлајнс“, патниците евакуирани

Авион на „Сингапур ерлајнс“ принудно слетал на аеродромот во Сингапур, неколку мунити по полетувањето.
Во авионот имало 222 патника и 19 членови на екипажот и требаше да лета на релација од Сингапур до Милано.

Аматерска видео снимка на патник  покажува како крилото на машината гори.

Авионот се вратил на излезниот аеродром два часа откако полетал, поради проблеми со моторот. При слетувањето се запалиле крилото и десниот мотор.

Благодарение на интервенцијата на пожарникарите, спречена е трагедија и никој не е повреден.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com