HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСе е решено, Вест Хем добива големо засилување

Се е решено, Вест Хем добива големо засилување

Софиан Фехули ги договорил личните услови со Вест Хем, па се очекува наскоро да стане нов член на овој тим. Францускиот “L’Ekip” денес пренесе дека везниот фудбалер на Валенсија, Софиан Фехули, е ново засилување на Вест Хем откако ги договорил сите услови за да премине во лондонскиот клуб.

Овој 26-годишен фудбалер ја заврши својата мисија во Валенсија, му истече договорот на крајот од оваа сезона, па беше слободен сам да си бара нов клуб. Се чини дека Вест Хем е екипата која му понудила најдобри услови кои Фехили ги прифатил, па се очекува да стави потпис на тригодишен договор.

Тој е второто бесплатно засилување на Вест Хем, откако го договорија Хавард Нордвајт од Менхенгладбах. Билиќ и Вест Хем со полна пареа работат на засилување на тимот за следната сезона, во однос на тоа дека денес доставиле нова понуда од 32 милиони фунти за напаѓачот на Лион, Лаказет.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com