HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСе е подготвено за полуфиналните средби на ЕВРО 2016!

Се е подготвено за полуфиналните средби на ЕВРО 2016!

Останаа уште четири екипи во борбата за европскиот трон. Кристијано Роналдо против Герет Бејл, односно Португалија против Велс во едното полуфинале. Во другото, две исклучително силни репрезентации- светскиот првак Германија против домаќинот Франција. Во првото полуфинале вечерва ќе се сретнат Португалија и селекцијата на Велс која приреди вистинско изненадување на ова Европско првенство.

Vels

Велшаните се вистинско изненадување на првенството, но сосема заслужено стигнаа до ова полуфинале. Изгубија од Англија во групната фаза, за потоа во осминафиналето да ја елиминираат Северна Ирска, а потоа и фаворизираната Белгија. Многумина пред почетокот на турнирот го отпишуваа Велс, сметајќи дека Велс е само Герет Бејл.

Но, далеку од тоа. Бејл, Арон Ремзи, Џо Ален, покрај столбот во одбраната Ешли Вилијамс, го сочинуваат „костурот“ на оваа сосема пристојна репрезентација. Притоа, сигурно е дека нема да бидат исплашени од Португалците. Бидејќи, екипата предводена од Кристијано Роналдо никако не воодушевува во досегашниот дел од првенството иако игра полуфинале.

Неверојатно, но Португалците немаат победа во 90 минути игра на овој турнир.

Portugalija

Три ремиња во групната фаза против Исланд, Унгарија и Австрија. Во осминафиналето, ја исфрлија Хрватска со погодок во 117 минута, додека во четвртфиналето после пеналите беа подобри од Полска.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Германија и Франција. Сосема е јасно дека победникот од оваа средба ќе биде фаворит во финалето.

Germanija

Германците во четвртфиналето ја исфрлија Италија после изведувањето на пенали. Беа на чекор од елиминација, но Грцијано Пеле го промаши пеналот, па Германците се вратија во живот и на крајот славеа. Светските шампиони имаат големи проблеми во составувањето на тимот бидејќи Марио Гомез е повреден, како и Сами Кедира и Бастијан Швајнштајгер, додека Матс Хумелс е суспендиран.

Од друга страна, Франција се избори за ова полуфинале после убедливата победа против Исланд од 5:2. Резултатот зборува дека Французите демонстрираа сила против симпатична и борбена екипа од северна Европа. Меѓутоа, до погодоци стигнуваа најмногу преку големите грешки на Исланѓаните, па не би требало оваа убедлива победа да ги опушти пред најтешкиот тест за нив на ова првенство.

Секако, Франција и понатаму ќе ја има најголемата поддршка од трибините. Во последната средба меѓу овие две екипи, во ноември, Франција славеше со 2:0, но тој натпревар ќе биде запаметен по ужасната ноќ во Париз, кога беа извршени терористичките напади. Оваа средба е на програмата во четврток.

Francuska

Автор: Михаило Донев

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com