HomeСТУДЕНТУМСе е подготвено за екстерното и државната матура

Се е подготвено за екстерното и државната матура

Министерството за образование и наука соопшти дека е подготвено за полагањето државна матура и за екстерното тестирање. На веб страницата на Државниот испитен центар јавно се понудени распоредите за екстерното тестирање и државната матура, посочи министерот Ристовски.

Државната матура се полага во викендите во периодот од 4-ти до 15 јуни. Учениците во завршните години први ќе полагаат екстерни испити за да може да се подготват за уписите во средните училишта. Годинава ќе бидат тестирани 178.648 ученици, од кои 121.371 се основци, а 57.277 средношколци, а државна матура ќе полагаат околу 20.000 средношколци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com