HomeДЕНЕШНАЕкономијаСе гради леарница во Пробиштип, нови работни места но, и грижи за средината

Се гради леарница во Пробиштип, нови работни места но, и грижи за средината

Индустриската зона „Неокази“ во близина на Пробиштип ќе ја добие првата странска инвестиција со почетокот на градбата на леарницата на фирмата „Кранфилд Фаундри“. Индустрискиот објект ќе се простира на површина од 8.000 метри квадратни и во него ќе се леат делови за монтажната, железничката и автомобилската индустрија. Се работи за инвестиција во висина од 15 милиони евра, а планирани се 250 до 300 вработувања.

probistip-2

Парцелата од 84.465 метри квадратни беше продадена по цена од 71 денари за метар квадратен во јули минатата година. Објектот покрај хала за топење на челик и технолошка линија за леење ќе содржи и машинско одделение, постројка за подготовка на песок за калапи и административен простор. Во рамки на индустрискиот процес предвидено е да се топи отпадно железо и челик во две индуктивни печки со капацитет од 100.000 тони годишно.

Најавените вработувања се добредојдени за локалната економија, но населението стравува од можно загадување и жестоко се противи на изградбата на тешка индустрија од ваков вид на оваа локација, особено поради фактот што леарницата како суровина ќе користи секундарно железо.

Извор: build.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com