HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамСе враќа надежта: Шумахер реагира на терапиите

Се враќа надежта: Шумахер реагира на терапиите

Седумкратниот шампион, Михаел Шумахер две и пол години од тешката несреќа која ја доживеа на скијање ги направи своите први чекори со помош на терапевт, објави кинески „Јибада“. Официјалните потврди за состојбата на Шумахер сепак се уште нема, а новите информации даваат надеж за опоравување на легендарниот Ф1 возач.

Неодамна поранешниот возач во Формула 1, Филипе Срајф откри дека Шумахер е сместен во инвалидска количка бидејќи не е во состојба самостојно да се движи. Исто така, шефот на Ферари, Лука Кордеро Ди Монтеземоло пред десетина дена тврдеше дека легендата позитивно одговара на третманите и дека Шуми би можел да се опорави.

Шумахер во несреќата при скијање кон крајот на 2013 година претрпе тешки повреди на главата и мозокот по удар во карпа. Во кома беше до септември 2014-та година по што опоравувањето го продолжи во својот дом.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com