HomeДЕНЕШНАРегионСе бара влада за национален спас во Република Српска, протестите мирни

Се бара влада за национален спас во Република Српска, протестите мирни

Долго најавуваните протести и контрапротести во Бања Лука, престолнината на Република Српска, денес завршија мирно иако имаше голем број на политички провокации и предвидувања за насилни судири. Поддржувачите на опозицијата под слоганот „Да ја ослободиме Српска“ побараа формирање на влада за национален спас и итно распишување на вонредни претседателски, парламентарни и локални избори.

Од другата страна на градот владините поддржувачи застанаа зад претседателот Додиќ кој во изминатите десет година е најконтроверзната политичка личност и неговите одлуки предизвикаа масовно незадоволство, но тој не е спремен да ги сослуша барањата на народот и планира да остане на власт по секоја цена.

Говорот на Додиќ беше одбележан од националистичка реторика против босанските власти во Сараево и со „намигнување“ кон Белград. Сосема спротивно на собирот на опозицијата Младен Иваниќ и Младен Бошиќ говореа за социјални реформи, спречување на економското тонење, крај на политичките афери, бесвластието и корупцијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com