HomeДЕНЕШНАСветСерија бомбашки напади во неколку сириски градови – расте бројот на мртви

Серија бомбашки напади во неколку сириски градови – расте бројот на мртви

Најмалку 38 лица загинале во серија бомбашки напади на воени и на владини цели во Сирија, јавиле сириските државни медиуми, пренесуваат светските агенции. Нападите биле изведени во кратки временски интервали во градовите Тартус, Хомс, околината на Дамаск и во уште неколку други градови кои се под контрола на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Во двојниот бомбашки напад во пристанишниот град Тартус, кој е важно упориште на сириската влада, загинале 30 лица, а повеќе од 45 биле повредени. Во Тартус, исто така, се наоѓа руската воена база во Сирија. Според медиумите, во Тартус првин експлодирал автомобил бомба, а потоа бомбаш-самоубиец детонирал експлозивна направа во моментот кога луѓе биле собрани да им помогнат на повредените во првиот напад.

Милитантите на Исламска држава (ИД) ја презеле одговорноста за бомбашкиот напад во градот Хасакеш, во кој загинале најмалку пет лица, но не и за нападите во другите делови на Сирија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com