HomeФЕР ПЛЕЈТенисСерена се израмни со Граф, седма титула за Американката на Вимблдон

Серена се израмни со Граф, седма титула за Американката на Вимблдон

По поразите во Австралија Опен и Ролан Гарос, Американката стигна до нов триумф на Вимблдон (нејзин седми од девет одиграни финалиња) откако по спектакуларен натпревар во два сета беше поуспешна од Анџелик Кербер.

Она што е уште позначајно, за Серена ова беше 22. гранслем титула во кариерата, со што Американката го израмни рекордот на Штефи Граф како најуспешна тенисерка во историјата.

Со оваа победа Вилијамс на еден начин ѝ се реваншира на Германката за претрпениот пораз од 2-1 во финалето во првиот Грен слем турнир сезонава во Мелбурн.

За Серена  ова беше прва гранслем титула во 2016 година, вкупно седма на Вимблдон откако Американката триумфираше на овој турнир во 2002, 2003, 2009, 2010, 2012 и во 2015 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com