HomeДЕНЕШНАПолитикаСепак, Поп Стефанија ќе одлучува за екс министерката Јанкулоска

Сепак, Поп Стефанија ќе одлучува за екс министерката Јанкулоска

Александра Поп Стефанија ќе одлучува дали да и го одземе пасошот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Одлуката која денеска ја донесе скопска Апелација е конечна. Ова практично ја потврди одлуката на претседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски.

Апелациониот суд од Скопје, денеска достави решение со кое жалбата на СЈО се одбива како неоснована, а решението на првостепениот суд, за неприфаќање на барањето за иземање на судија на претходна постапка, се потврдува, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Специјалното обвинителство побара Поп Стефанија да биде тргната кога ќе одлучува за Гордана Јанкулоска во предметот Тврдина, бидејќи се сомневаше дека партиските врски од власта на двете семејства може да имаат влијание при одлучувањето на судијката. Сопругот на Поп Стефанија работи во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, а Јанкулоска се уште е функционер во ИК на партијата. Од СЈО велат дека сега немаат друг избор освен да ја почитуваат одлуката.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com