HomeДЕНЕШНАСкопјеСеминар за демистификација на конопот во Скопје

Семинар за демистификација на конопот во Скопје

Здружението на граѓани, Зелена Алтернатива го органзира третиот семинар од циклусот за демистификација на конопот. Семинарот ќе се одржи на 28 и 29 мај во Домот на АРМ во Скопје.

Учесници на овој семинар ќе бидат научници и доктори од Израел, Чешка, Шпанија, Канада, признаени како светски експерти на полето на канабисот, најавуваат од Зелената алтернатива. Голем дел од нив се членови на интернационални одбори на истражувачки центри и асоцијации за употребата на конопот. Тие ќе ги презентираат најновите сознанија од областа на употребата на канабисот и ќе ги споделат искуствата од нивната работа и истражувањата за лековитоста на конопот. Главна и заедничка тема на овој семинар ќе биде употребата на канабисот во здравствената заштита, теорија и пракса.

„Како здружение сметаме дека овој семинар ќе помогне да допреме до што повеќе граѓани и ќе допринесе за поголема едукација за тоа како правилно да се користи конопот. Со оглед на сé почестите заболувања на наши и ваши роднини, пријатели и познаници, веруваме дека на сé повеќе луѓе им е потребно маслото од канабис како за спречување и превенција, така и за лекување на повеќе болести и тегоби на ова модерно време“, пишува во повикот на Зелена алтернатива. Настанот почнува во 12 часот, а картите за влез се бесплатни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com