HomeАНТИСТРЕСПатувањеСело во кое дури ни банките немаат врати – еве зошто

Село во кое дури ни банките немаат врати – еве зошто

Влезете во Шани Шингнапур, село во кое на куќите не постојат врати, место каде продавниците се отклучени, а мештаните никогаш не се во опасност. И сето тоа благодарение на легенда стара 300 години. Ова е приказна за селото Шани Шингнапур во индиската држава Махараштра, во кое мештаните се чувствуваат сигурни и безбедни, благодарение на вечната вера во Господ Шани, Бог на Сатурн, кој се смета за заштитник на селото.

Легендата и Господ Шани
Легендата настанала пред 300 години кога, по големи дождови и поплави, на бреговите на реката Панаснала (која тогаш течела низ селото) е најдена голема црна камена плоча. Според легендата, кога мештаните ја допреле со стап карпата од 1,2 метри од неа потекла крв.

Подоцна таа ноќ, господарот Шани се појави во соновите на селскиот водач откривајќи дека камената плоча била неговата Шани и имал еден необичен услов: камената плоча и нејзините сили не смееле да бидат отстранети, за тој да може непречено да го надгледува селото. Според легендата, Шани го благословил водачот и ветил дека селото ќе го заштити од секаква опасност. Откако мештаните поставиле голема плоча на платформата во срцето на селото, одлучиле да ги отстранат сите врати и брави. Повеќе не им биле потребни, бидејќи ги чувал Господ Шани.
selo bez vrati 1
Традицијата се негува со години
Традицијата продолжува со генерации, а мештаните повремено ставаат само дрвена плоча на своите врати за да спречат да влезат кучиња во нивните домови. Сепак, немаат врати, а својот накит и пари ги оставаат без заштита, бидејќи цврсто веруваат дека нивниот свет чувар ќе им помогне и ќе ги заштити од секое зло. Дури и јавните тоалети во центарот на селото имаат само тенка завеса на влезот поради приватност.

Дури ни полициската станица ни банката немаат врати
Интересно е дека сите нови градби мора да ги почитуваат овие протоколи. Полициската станица, која се отворила дури во септември 2015 година и која се уште не примила ниту една тужба или поплаки од мештаните, нема предна врата. Исто така, Соединетата комерцијална банка отворила прва подружница без врата во Шани Шингнапур во 2011 година поставувајќи стаклен влез во духот на транспарентноста и едвај видлива електромагнетна брава на делечинско управување, за да ги испочитува мештаните, дека треба да ја задржат во селото и дека таа тука ќе се наоѓа.

Мештаните на ова село толку ноншалантно се однесуваат што дури не ги прашуваат своите соседи да им ја причуваат куќата додека тие се надвор од селото. Тие веруваат дека крадците веднаш ќе бидат казнети со ослепување и дека ќе ги следи несреќа следните 7,5 години. Всушност, локалните мештани велат дека еден мештанин кој ставил дрвена плоча на влезот на својата куќа, доживеал сообраќајна несреќа следниот ден.
selo bez vrati 2
Шани Шингнанпур, одредиште на 40.000 поклоненици
Поради оваа чудна историја и верување, Шани Шигнанпур ги привлекува поклонениците ширум Индија. Најмалку 40.000 посетители доаѓаат секој ден за да го видат некогаш скромниот храм кој прераснал во голем храм со голем имот и донации.

Иако во Шани Шингнапур официјално не се случувале кражби со векови, еден посетител во 2010 година пријавил дека од неговото возило се украдени скапоцени предмети и пари во вредност од 35.000 рупии. Уште една кражба е пријавена во 2011 година, кога исчезнале златни орнаменти во вредност од 70.000 рупии. Меѓутоа, сите тужби биле одбиени, бидејќи мештаните се убедени дека овие кражби се случиле надвор од селото.

Од друга страна, скептиците тврдат дека ниската стапка на криминал во оваа населба е последица на оддалечената локација на селото, а не на чудотворните моќи на нивниот господ.

Што и да е вистина, времињата се менуваат и некои мештани сакаат да престанат со овој долгогодишен обичај, барајќи дозвола од организациите на локалната самоуправа да вградат врати и брави за да ја зачуваат безбедноста на своите семејства. Меѓутоа, многу мештани се надеваат дека традицијата ќе се зачува и дека Шани ќе продолжи да ги чува од секое зло.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com