HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСелин Дион посвети песна на својот починат сопруг

Селин Дион посвети песна на својот починат сопруг

Откако после смртта на својот сопруг направи пауза, Селин Дион е повторно во студиото- таа неодамна се врати на сцената со симболична обработка на песната „Show Must Go On“, а претстави и своја нова песна која ја посветила на починатиот сопруг. Станува збор за песната „Encore Un Soir“ на француски јазик која ја отпеала во чест на нејзиниот сопруг.

Селин воедно работи и на продолжувањето на албумот „Sans Attendrе“ кој во 2012 година исто така го објави на француски јазик. Минатата есен објавви фотографија од студиото каде соработува со Зах, пејач со потекло од Алжир, кога и всушност таа вети дека повторно ќе се врати на музичката сцена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com