HomeРЕФЛЕКТОРМузикаСелин Дион не сакала да го сними хитот „My Heart Will Go On“

Селин Дион не сакала да го сними хитот „My Heart Will Go On“

Романтичната балада и главната нумера во филмот на Џејмс Камерон „Титаник“ од 1997 година останува најголемиот хит на француско-канадската суперѕвезда и еден од најпродаваните синглови на сите времиња. И покрај глобалниот успех на песната, пејачката признала дека не била од секогаш воодушевена од нејзиниот звук.

„Мило ми е што на крајот ја отпеав песната, бидејќи воопшто не сакав да ја снимам“, откри пејачката во шоу-програмата на Џими Фалон во редок телевизиски настап, понатаму истакнувајќи дека и е премногу „жал поради тоа и дека е многу среќна бидејќи луѓето не секогаш ја слушаат што има да каже“.

После интервјуто, Селин учествуваше во популарната игра на имитација „Wheel of Impressions“ со водителот. 48-Годишната пејачка не ја започна оваа игра со голема желба, но потоа беше видно анимирана за време на имитациите на Шер и Ријана.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com