HomeФЕР ПЛЕЈРакометСелекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван си поднесе оставка

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван си поднесе оставка

По поразот од Тунис на прес конференцијата, селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, поднесе оставка на функцијата по дебаклот на квалификацискиот турнир за пласман на олимпијадата во Рио де Жанеиро.

Хрватскиот тренер Обрван, изјави дека сите во тимот имале сон прв пат во историјата на Македонија да се пласираат на Олимписките игри.

„Не успеавме во тоа, изгоревме во нашата желба и заслужено загубивме. Лошо отворивме, почнавме во грч, потоа не успеавме да се вратиме во мечот. По ова се повлекувам од функцијата селектор на македонската ракометна репрезентација“, кажал Ивица Обрван.

Инаку, Обрван стана селектор на Македонија во 2013 година, а под негово водство македонскиот тим играше на две европски и едно светско првенство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com