HomeДЕНЕШНАПолитикаСекој трет граѓанин соочен со поткуп: Корумпираните ја штитат корупцијата

Секој трет граѓанин соочен со поткуп: Корумпираните ја штитат корупцијата

Секој трети граѓанин бил соочен со барање да даде поткуп оваа година. Ова се наведува во најновиот извештај на МЦМС што е заснован на анкета со 1000 испитаници. Но, иако проекцијата покажува дека на повеќе од половина милион граѓани им бил побаран поткуп барем еднаш, сепак македонската јавност не ја перцепира корупцијата како еден од најголемите проблеми. Според анкетата на граѓаните, корупцијата се наоѓа на петто место и за нив поважни прашања се невработеноста, политичката нестабилност, сиромаштијата и ниските приходи.

Дури 85% од граѓаните дале пари на полицаец за да не им биде одземена возачката дозвола, велат новите истражувања на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Тоа се фрапантни половина милион коруптивни дела од кои биле казнети само 0,04%, односно помалку од 1% од севкупната корупција се казнува во Македонија. Според граѓаните, најкорумпирани се судиите, а потоа министрите, лидерите на политичките партии, а после нив се пратениците, цариниците, јавните обвинители и други.

– Главниот проблем во целиот Балкан, според Светската банка, е феноменот на state capture, односно на заробеност на државата. Неможноста да се осудат високите политичари, обвинители и судии, лица кои самите се инволвирани во корупцијата – заокружува Руслан Стефанов од Центарот за изучување на демократија во Бугарија.

Најчеста корупција е давање пари на полицаец, што го направиле 85% од граѓаните, а потоа следат државните службеници кои примаат мито. Анкетата вели дека 46% од граѓаните мислат дека државните службеници се вмешани во корупција, а исто толку сметаат дека таа тешко ќе се искорени. Многумина од нив и ја прифаќаат. На пример, само 7,4% од граѓаните ја пријавуваат корупцијата, иако две третини од нив се свесни за неа.

Не само што е драматично висока, туку корупцијата во Македонија ја поддржуваат и младите. Дури 47% од оние меѓу 18 и 29 години сметаат дека корупцијата е прифатлива, а слично мислат и старите меѓу 40 и 49 година.

Според анкетата, граѓаните во Македонија многу ретко ги пријавуваат случаите кога од нив е побарано нешто со цел да решат некој свој проблем. Од друга страна, податоците покажуваат дека граѓаните имаат високо ниво на свесност, односно високи 61 проценти се свесни за коруптивно однесување. Сепак, за забележување е дека дури третина од нив сметаат дека не е корупција ако се даде подарок на лекар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com