HomeДЕНЕШНАСветСедуммина кандидати на Републиканците ги исполнија условите за француски претседател

Седуммина кандидати на Републиканците ги исполнија условите за француски претседател

Кандидатурите на седум претенденти беа потврдени за учество на прелиминарното гласање за кандидат на француската опозициска конзерветивна партија Републиканците (ЛР) за претседател на Франција за изборите во 2017 година, јави дописникот на МИА од Париз.

Пратеникот од Дром, Ерве Маритон е единствениот кој не не ги исполни условите за потребниот број на потписи од 2.500 членови на партијата и тој нема се кандидира за прелиминарните партиски избори.

Претставникот на партијата Ан Левад соопшти дека другите седум кандидати, кои ќе се натпреваруваат за кандидат на Републиканците на претседателските избори се Алан Жипе, Никола Саркози, Франсоа Фијон, Бруно Ле Мер, Жан-Франсоа Копе, Натали Кошиуско-Моризе и Жан Фредерик Поасон, кој е член на Демохристијанската партија, колаициски партнер на ЛР.

Тие ќе ги одмерат силите на прелиминарните избори на 20 и 27 ноември.

За поднесување на кандидатура за учество на партиските избори беа потребни потписи на најмалку 250 избрани претставници – пратеници, сенатори или членови на органите на локалните власти и тие да бидат од најмалку 30 департамани. Меѓу условите е и повеќе од една десетина од потписниците да не бидат од ист департман и меѓу нив најмалку 20 да се пратеници во Националното собрание.

Никола Саркози доставил 21.000 потписи, Франсоа Фијон 6.400, Алан Жипе 5.600, а Бруно Ле Мер 5.500. Поскромни беа Жан-Франсоа Копе, Натали Кошиуско-Моризе и Ерве Маритон кој сите заедно доставија околу 10.000 потписи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com