HomeДЕНЕШНАСветСедиштето на НАТО во Брисел се реновира, следниот самит во „срцето на Европа“

Седиштето на НАТО во Брисел се реновира, следниот самит во „срцето на Европа“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера изјави дека следниот самит на Алијансата ќе се одржи во 2017 година во Брисел. Тој најави дека следниот самит ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел чие реновирање е во тек, а ќе биде готово до следната година.

Лидерите на НАТО на самитот во Полска одобрија испраќање по четири меѓународни баталјони, односно околу илјада војници во Полска, Литванија, Летонија и Естонија како и романско-бугарска бригада во црноморскиот регион.

Аналитичарите веќе почнаа да го поставуваат прашањето дали почнува нова студена војна. Сега, кога НАТО ќе ја зацврсти својата положба во Европа како одговор на наводната руска намера за превласт, може да се предвиди и однесувањето на Русија која сигурно нема да остане индиферентна на американското присуство близу своите граници.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com