HomeФЕР ПЛЕЈРакометСега навивачите на Барселона ќе викаат „Господ да чува и Борко да брани“

Сега навивачите на Барселона ќе викаат „Господ да чува и Борко да брани“

Голманот на македонската ракометна репрезентација и член на бундеслигашот Рајн Некар Ловен, Борко Ристовски во новата сезона ќе застане на голот на каталонскиот гигант и актуелен европски шампион Барселона. Тој ќе дојде на местото на Даниел Шариќ, кој ја напушта Барселона.

Ристовски според шпанските медиуми потпишал договор на две години. Македонскиот репрезентативец со преминот во РНЛ и одличните партии го привлече вниманието на Барселона која на крајот на сезоната ќе остане само со шпанскиот репрезентативен голман, Гонсало Перез де Варгас.

По најавите дека каталонскиот клуб ќе му испрати понуда, Ристовски изјави дека е во дилема каде да ја продолжи кариерата, бидејќи и неговиот сегашен клуб РНЛ му понуди продолжување на договорот. Сепак, Барселона од идната сезона е новиот клуб за Ристовски, а вкупно трет во Шпанија бидејќи претходно тој бранеше за екипите на Теукро (2006 и 2007) и Алгесирас (2007).

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com