HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСега и официјално, Атлетико Мадрид доби големо засилување

Сега и официјално, Атлетико Мадрид доби големо засилување

Она што последниве неколку дена се шпекулираше сега конечно се претвори и во реалност, репрезентативецот на Хрватска Шиме Врсаљко е нов фудбалер на Атлетико Мадрид. Во секој момент се очекува и официјална потврда за ова од Атлетико Мадрид, но она што е познато е дека Шиме Врсаљко ги поминал медицинските прегледи успешно и во наредниот период ќе ги брани боите на „Јорганџиите“.

Оваа информација ја потврди и Енрике Серезо, претседателот на Атлетико Мадрид. Врсаљко се очекува да стави потпис на петгодишен договор, а Сасуоло доби 16 милиони евра за овој трансфер. Пред овој трансфер Атлетико ова лет веќе се засили со Николас Гајтан од Бенфика кој пристигна за сума од од 25 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com