HomeДЕНЕШНАСветСеверна Кореја до 2020 ќе има нуклеарка, Њујорк и Вашингтон на мета

Северна Кореја до 2020 ќе има нуклеарка, Њујорк и Вашингтон на мета

Северна Кореја со изведувањето на петтиот успешен нуклеарен тест покажа дека има знаење и капацитет да ја усоврши својата ракетна програма која е закана за светската безбедност.

Според инжинерот за ракетни системи Џон Шилинг до 2020-та Северна Кореја ќе биде сосема способна да креира нуклеарна боева глава која ќе ја монтира на мала лесна и брза ракета со врвна прецизност, брзина и досег за да може да уништи градови како Њујорк или Вашингтон.

Проценките се дека Северна Кореја има собрано доволно нуклеарен материјал за создавање на 100 балистички ракети што е премногу. Затоа нивната програма за развој на нуклеарно оружје не може повеќе да се игнорира што асоцира дека можна е нова војна со цел да се спречи напредокот на Ким Џон Ун кој не би се двоумел да нападне.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com