HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ со критики за „Мој термин“, Тодоров смета дека е најуспешен

СДСМ со критики за „Мој термин“, Тодоров смета дека е најуспешен

СДСМ упати жестоки критики против проектот „Мој термин“ за кој сметаат дека е нефункционален, додека пак Никола Тодоров министерот за здравство и нов вице премиер смета дека проектот ги дал посакуваните резултати и веќе е копиран во други држави.

– Дури 82 новороденчиња починале во првите шест месеци од оваа година само на Клиниката за гинекологија во Скопје. Новороденчиња и родилки умираат, дијабетичарите немаат инсулин, болните од рак не ги добиваат најновите генерации лекови, по клиниките нема основни медицински материјали, амбулантите се руина, стои во реакцијата на СДСМ.

todorov moj termin

Од друга страна пак Тодоров вели дека три години успешно функционира „Мој термин“ со вкупно закажани прегледи на 1.835.500 пациенти, издадени над 68.000.000 рецепти и 21 милион упати и најавена е негова надградба со нови услуги.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com