HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ не ги повлекува своите членови од ДИК

СДСМ не ги повлекува своите членови од ДИК

Виолета Дума и Игор Милев остануваат членови на Државната изборна комисија. СДСМ и коалициските партнери едногласно одлучија да не ги повлекуваат своите членови од централниот изборен орган, за да обезбедат контрола врз процесот на прочистување на Избирачкиот список.

Учеството во ДИК има цел да ги спречи манипулациите и злоупотребите што се обидува да ги прави власта на Груевски, појаснуваат опозициските партии во соопштението од средбата со Зоран Заев. Опцијата за повлекување на двајцата членови на ДИК предложени од опозицијата ја актуелизираше самиот Заев, при завчерашното објавување дека СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори на 5-ти јуни. Денеска, пречистувањето на Избирачкиот список е во мирување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com