HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ и МФ ќе ја решаваат еврообврзницата со тужби и контра тужби

СДСМ и МФ ќе ја решаваат еврообврзницата со тужби и контра тужби

СДСМ денеска преку соопштение најави дека ќе поднесе кривични пријави против министерот за финансии Кирил Миноски и против заменик министерката за правда Билјана Бришковска во врска со издавањето на последната еврообврзница. Според СДСМ, Миноски еврообврзницата ја издалпротивзаконски, а Бришковска неовластено присуствувала на конференциската врска со инвеститорите. СДСМ во соопштението наведува дека тие ја злоупотребиле својата должности и дека за тоа треба да одговараат.

Министерството за финансии не остана без одговор и најави контра тужба.
– Со цел да се заштити и угледот на институцијата Министерство за финансии и на земјата, Министерството за финансии ќе поднесе соодветни тужби до сите инволвирани страни кои со клевета придонесоа за нарушување на меѓународниот углед, се вели во реакцијата од МФ и се подвлекува дека согласно Kривичниот законик, кривична пријава може да се поднесе и за лажно пријавување на кривични дела.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com