HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Иванов е неспособен и непресметлив и опасен за народот

СДСМ: Иванов е неспособен и непресметлив и опасен за народот

СДСМ реагира на острата прес конференција на претседателот Иванов кој со своите постапки во изминатиот период само придонесе за влошување на политичката криза, а овој пат и јасно се стави против протестите на Шарената револуција. Од СДСМ соопштуваат дека со денешното обраќање лицето Ѓорѓе Иванов потврди дека не само што е неспособен туку е непресметлив и опасен додека ја врши функцијата Претседател на државата.

Во состојба на длабока политичка криза, кога улиците се преплавени со луѓе кои бараат правда и слобода преку достоинствени протести, Иванов се закани со можност за употреба на Армијата и нов државен удар против граѓаните и Македонија.

Во сопствениот хаос во којшто се наоѓа Иванов, срамната и незаконска одлука за аболиција што ја донесе а потоа самиот ја повлече, повторно неуспешно се обиде да ја оправда.

Додека Иванов говори за терористички организации и странски центри на моќ свесно ја занемарува постоечката опасност на Македонија на која што и слугува, а тоа е криминалната структура на власт.

Наместо во име на сите граѓани, како што би требало да доликува на претседател на една држава, Иванов настапи во служба на криминалната фамилија што ја владееше Македонија во изминатите 10 години.

Откако не успеа во обидот со аболиција да ја спаси од одговорност, во денешното обраќање Иванов се обиде да го наруши статусот, правната поставеност и работата на Специјалното јавно обвинителство и да отвори простор на друг начин правдата да биде спречена.

После денешниот говор, сите оние коишто во Собранието гласаа против импичментот за Иванов вечно ќе го носат товарот на срамот што и го нанесоа на Македонија.

Единствената правилна одлука што во неговиот тажен, катастрофален мандат може да ја направи Иванов е да поднесе оставка и да замине од  функцијата што ја девалвираше до максимум и ја доведе до апсурд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com