HomeДЕНЕШНАПолитикаСВР Куманово со две кривични пријави за градоначалникот

СВР Куманово со две кривични пријави за градоначалникот

СВР Куманово поднесе две кривични пријави против градоначалникот на Општината, Зоран Дамјановски, а го товари за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Во првиот случај, Дамјановски и двајцата раководители на општинските сектори за урбанизам и за инспекциски надзор се осомничени за пропусти околу реконструкцијата и пуштањето во употреба на раскрсницата меѓу булеварот Трета македонска ударна бригада, булеварот Октомвриска револиција и улицата Бранко Богдански-Гуцман.

„Првопријавениот (Зоран Дамјановски н.з.) во ноември 2008 година ги пречекорил своите овластувања спротивно на Законот за градење и Законот за јавни патишта при што одобрил и ја пуштил во употреба реконструираната крстосница во Куманово, помеѓу булеварот Трета македонска ударна бригада, булеварот Октомвриска револиција и улицата Бранко Богдански-Гуцман, иако знаел и бил должен да знае дека за тоа е потребна употребна дозвола“, стои во дневниот билтен на МВР за кривичната пријава.

Двете службенички, пак, се товарат за пропусти околу техничката документација и за тоа што не бил вработен општински инспектор за јавни патишта.

„Поради ова, од периодот на неофицијалното пуштање во употреба на крстосницата до денес се имаат случено 31 сообраќајна незгода, во кои три лица го загубиле животот, шест лица добиле тешки телесни повреди, 26 лица добиле телесни повреди, а вкупната причената материјална штета изнесува 1.455.000 денари“, стои во дневниот билтен на МВР.

Кумановскиот градоначалник, во вториот случај за кој му е поднесена кривична пријава, е третоосомничен. Тој се товари дека не постапил по решение од управниот инспектор од Куманово во врска со узурпација на државен имот и им дозволил на неколкумина жители на улицата Веселин Вујовски да го користат имотот на штета на државата.

Кривичните пријави против кумановскиот градоначалник доаѓаат пет дена по именувањето на Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи во привремената влада за спроведување на изборите на 11 декември. Спасовски и градоначалникот Дамјановски освен сопартијци, се и сограѓани.

Мета

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com