HomeДЕНЕШНАРепубликаСвлечиште на ридот Балтепе над Тетово, голем број семејства во опасност

Свлечиште на ридот Балтепе над Тетово, голем број семејства во опасност

Врнежите од дожд предизвикаа ерозија на земјиштето над православните гробишта во Тетово на ридот Балтепе, каде живеат голем број домаќинства. Жителите на овој дел од Тетово алармираат дека свлечиштата се голема закана за нивните домови, кои можат да се урнат доколку не се преземат превентивни мерки.

– Мора тука да се направат потпорни ѕидови, инаку мојот дом ќе ми се струполи долу во долот, ако свлечиштето пак се активира. Барам Општината да ми помогне затоа што сум социјален случај – вели Ферди Дрина за агенцијата Мета, сопственик на една од куќите, чие семејство брои 30 лица.

Инаку, врнежите од дожд деновиве го покачија водостојот во реката Пена на критично ниво, а поголемо свлечиште го блокираше патниот правец Шипковица – Бродец.

Сега, според надлежните, нивото на водата на Пена е опадната, а наносите од камења и земја од свлечиштето над патот Шипковица – Бродец се остранети.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com