HomeАНТИСТРЕСХуманостСветски гурмански пикник во Градски парк со хуманитарен карактер

Светски гурмански пикник во Градски парк со хуманитарен карактер

Во Градскиот парк оваа недела од 12 часот ќе се одржи „Светски пикник“ за гурмани организиран од Советот на странските инвеститори. На пикникот по цена од 100 денари ќе се служат јадења од националните кујни ширум светот од каде потекнуваат компаниите, а собраните средства ќе се искористат за донации на народните кујни во Македонија.

svetski piknik2

Настанот ќе биде привлечен за целото семејство со голем број на забавни и кулинарски содржини, а се организира по повод 10 години од постоење на Советот при Стопанската комора на Македонија. Штандовите на пикникот ќе бидат поставени зад споменикот на Гоце Делчев.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com