HomeГИГА БАЈТСветот слави 25 години „сурфање“ на интернет!

Светот слави 25 години „сурфање“ на интернет!

Пред точно 25 години „World Wide Web“ (www) и ја отвори портата на „обичните“ луѓе, со што започна ерата на глобалното поврзување по пат на интернет. „World Wide Web“ го сочинува интегралниот дел од светот, но пред 23 август 1991 година реалноста каква што ја познаваме денес никој не можеше да ја замисли. Тој ден англискиот научник Тим Бернерс-Ли за прв пат дозволи јавен пристап на мрежата.

До тогаш „World Wide Web“ можеа да користат само работниците на швајцарската „Церна“ (Европска заедница за нуклеарни истражувања) и експертите од неколку светски универзитети. Бернерс-Ли е всушност таткото на „World Wide Web“, кој на почетокот беше користен за автоматско споделување на информации.

Tim-Berners-Lii

Креиран во 1989 година, за потоа да стане клучен дел од денешниот интернет. Интернет и “www” не претставуваат една иста работа. „World Wide Web“ е простор за информации идентификуван преку УРЛ, глобална адреса за пристап на податоци на интернет, а интернетот ја претставува севкупната глобална мрежа меѓу компијутерските уреди.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com