HomeДЕНЕШНАРепубликаПриведени светиниколчани кај Петровец поради набавка на марихуана за продажба

Приведени светиниколчани кај Петровец поради набавка на марихуана за продажба

Г.Н. (33) и Ф.М. (25) од Свети Николе заработија кривични пријави од страна на СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога поради сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Лицата набавиле наркотична дрога марихуана со нето маса од 997,4 грама во вредност од 800 евра. При поминување на наплатната рампа во Петровец, полициски службеник се обидел да го запре возилото „Хонда цивик“, но возачот Г. Н.  не ја испочитувал наредбата го стартувал возилото и удрил во полицискиот службеник со намера да го прегази. При бегството, Ф.М. ја фрлил марихуаната од прозорецот на возилот, а по неколку километри возилото било сопрено и двајцата биле приведени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com