HomeДЕНЕШНАСветСаудиска Арабија се соочува со крвав Рамазан, експлозија во Медина

Саудиска Арабија се соочува со крвав Рамазан, експлозија во Медина

Повеќе експлозии одекнаа низ Саудиска Арабија, а една бомба експлодираше и во близина на џамијата на Пророкот во Медина. Тука се разнел бомбаш самоубиец, а засега има извештаи за две жртви меѓу припадниците на безбедносните служби и четворица повредени.

Безбедносните служби интервенираа и при уште две детонации низ државата со што се најавува крвав Рамазан од страна на терористичките групи кои се борат против кралското семејство во Ријад.

Бројните аџии и верници засега се безбедни и власта се обидува да ја одржи сигурноста на високо ниво и да не дозволи трагедија за време на најсветиот муслимански празник.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com