HomeДЕНЕШНАПолитикаСамо ВМРО ДПМНЕ се најде на гласачкото ливче

Само ВМРО ДПМНЕ се најде на гласачкото ливче

ВМРО-ДПМНЕ единствена партија на гласачкото ливче, констатираше денеска ДИК. Комисијата едногласно потврди дека листите на Народното движење за Македонија се невалидни и како такви нема да фигурираат како гласачка опција, а Социјал-демократската партија ги повлече листите.

Следствено на тоа, претседателот на Комисијата, Александар Чичаковски посочи дека излишно е да се прави ждрепка, па ДПМНЕ и коалицијата го доби редниот број 1. Од иста причина, Чичаковски рече дека беспредметна и е жрепката за распределбата на локации за политичко рекламирање.

Поради различните ставови, Комисијата одлучи уставноста да ја дискутира утре на работен состанок. На состанокот ќе треба да се дискутира и околу информирањето на собранискиот спикер Вељаноски околу новонастанатата ситуација, бидејќи членовите не можеа да се согласат ниту околу тоа. Според Милев од СДСМ, Собранието мора да биде известено, додека според Сашо Срцев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ тоа не е неопходно. ДИК до Вељаноски претходно испрати и писмо за повторно свикување на Собранието, а оттаму одговорија дека писмото стигнало, но има само известувачка улога, а не обврзувачка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com