HomeДЕНЕШНАСветСамоубиствен напад во Кабул, најмалку 14 загинати

Самоубиствен напад во Кабул, најмалку 14 загинати

Четиринаесет лица денеска загинаа, а осум се повредени во самоубиствен бомбашки напад во Кабул, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи. Како што се наведува во соопштението, цел на нападот бил минибус кој превезувал непалски државјани, кои работеле за американска служба за обезбедување.

Авганистанските талибанци ја презедоа одговорноста на нападот, кој се случува за време на светиот муслимански месец Рамазан.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com