HomeДЕНЕШНАЕкономијаСакате брз развој на бизнис идејата – пријавете се на Startup Bootcamp

Сакате брз развој на бизнис идејата – пријавете се на Startup Bootcamp

Имате идеја да започнете свој бизнис? Или можеби имате многу идеи меѓутоа не сте сигурни која од нив има потенцијал да прерасне во нешто големо? Не знаете кон што да се насочите и како да започнете за да ги реализирате вашите соништа? Тогаш оваа Startup Bootcamp работилница е тоа што ви треба!

Во текот на тридневната Bootcamp работилница ќе научите како да го искористите потенцијалот на MVP (Minimum Viable Product) и основните стартап алатки со цел најефективно да ја валидизирате вашата бизнис идеја. Тука ќе ги научите сите неопходни и битни бизнис моменти и вештини со чија помош ќе успеете во креирањето на нов производ и негово лансирање на пазарот!

show_businessstartup

Ќе се запознаете со основните маркетинг трикови за growth hacking и нивна правилна имплементација во маркетинг миксот. Откако ќе направите анализа на пазарот за да проверите дали истион има потреба од вашиот производ, ќе ви биде претставен начинот на изготвување бизнис модел со чија помош ќе успеете да ја материјализирате вашата идеја во профитабилен бизнис и тоа во најкус можен период.

Исто така ќе бидете запознаени и со алтернативните начини на добивање финансиска помош, како на пример crowdfunding.

Конечно ќе дознаете како да го мерите успехот на вашиот производ, односно кои метрики да ги користите за да имате прегледност и да знаете дали се движите во саканата насока.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com