HomeДЕНЕШНАРепубликаСаздовски: Не знам како „Карма кафе“ стана организатор на донаторска акција за „Шарена револуција“

Саздовски: Не знам како „Карма кафе“ стана организатор на донаторска акција за „Шарена револуција“

Во моето кафуле не влегла инспекција и не е вистина дека требало да се организира донаторска акција за „Шарена револуција“, тврди Зоран Саздовски, сопственик на „Карма кафе“ од Штип за новинската агенција Мета.

– Не знам како името на моето кафуле се нашло на настанот закажан на „Фејсбук“, јас не сум дозволил такво нешто. Исто така, немало инспекција во моето кафуле – вели Саздовски.

Според повикот на социјалните мрежи, кутија за донации денеска требаше да биде поставена во кафулето „Карма кафе“ во центарот на Штип, каде граѓаните ќе може да дадат свој прилог за плаќање на паричните казни од вкупно 1.300 евра, што им беа одредени на учесници во „Шарената револуција“ во градот.

На социјалните мрежи беше објавен повик да им се помогне на тројцата демонстранти од „Шарената револуција“ кои минатата недела по информативниот разговор во полициска станица добија прекршочни казни поради боење на улиците и на тротоарите во Штип.

Подоцна организаторите на акцијата за собирање донации за „Шарената револуција“ во Штип одлучија да ја сменат локацијата. Новата локација не ја соопштија, но најавија дека размислуваат кутијата да ја постават на отворено, во центарот на градот.

Горан Трајков, еден од тројцата учесници во протестите со прекршочна казна, рече дека и тој дознал од организаторите дека локацијата е сменета.

– Неофицијално, инспектори го посетиле кафулето каде требаше да се одржи донаторската акција. Донации ќе се собираат, најверојатно, на отворено – изјави Трајков.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com