HomeДЕНЕШНАСветСАД ќе остават 8.400 војници во Авганистан

САД ќе остават 8.400 војници во Авганистан

САД ќе остават 8.400 војници во Авганистан во текот на следната година, изјави вчера американскиот претседател Барак Обама. „Ситуацијата во Авганистан останува опасна“, изјави Обама при објавувањето на веста. Обама планираше да го редуцира бројот на американските војници до 5.500 лица до крајот на 2016 година, но американската команда препорача нивната бројка да биде поголема.

Претседателот на САД изјави дека тој чекор треба да испрати порака до талибанците дека не можат да надвладеат и дека САД и меѓународната заедница ќе ги почитуваат своите заложби кон авганистанската Влада. Обама исто така нагласи дека авганистанските сили за безбедност не се доволно силни за сами да се справат со целокупната ситуација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com