HomeДЕНЕШНАЕкономијаСАД ја одбра првата афро-американка за банкнота од 20 долари

САД ја одбра првата афро-американка за банкнота од 20 долари

Civil War-era abolitionist to replace the nation's seventh president
Трезорот на САД реши да направи голем чекор со изборот на Хариет Тубман која ќе биде првата афро-американка која се појавила на американската валута, на банкнотата од 20 долари, а ќе го замени претседателот Ендрју Џексон кој според понови историски заклучоци не заслужува огромна слава и почест.

Тубман има одиграно клучна улога во ослободувањето на голем број на афро-американци кои биле робови, а иста така била ангажирана за военото разузнавање на армијата на Северот во граѓанската војна со инфилтрирање во јужначките држави.

Новите банкноти од 5, 10 и 20 долари се уште се дизајнираат и предвидено е да вклучат голем број на претставници на малцинствата, жените, борците за човекови права и демократија, како и големи историски моменти за САД, а не само ликови на претседатели од нејзиното формирање, прогласување на Уставот или пак победата за независна држава во револуцијата против Британските колонизатори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com