HomeДЕНЕШНАСветСАД со подморници хакира странски влади и непријатели

САД со подморници хакира странски влади и непријатели

Незабележливи подморници се најновата тактика на американската влада за извршување на хакерски напади врз странски влади и државни непријатели. Подморниците се движат како да се невидливи при што противничките радари тешко може да ги лоцираат, а екипажот е составен од компјутерски професионалци, потврди адмиралот Мајкл Џабали.

„За оваа тема навистина не можам многу да зборам, но е непотребно да откривам дека имаме подморници на фронталните линии кои се многу ангажирани со највисоко техничко ниво“, кратко изјави адмиралот за Вашингтон Пост.

Подморниците кои изведуваат сајбер напади исто така работат и на дефанзивни тактики, односно пружаат поддршка за безбедносните системи на армијата и државните институции, но како што покажува неодамнешното искуство со хакирањето на Хилари Клинтон и Демократска партија оваа тивка и речиси невидлива војна е во полн ек.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com