HomeДЕНЕШНАСветСАД: Пукање во центарот на Остин, една жртва

САД: Пукање во центарот на Остин, една жртва

Најмалку едно лице го загубило животот во пукање во центарот на Остин, главниот град на сојузната држава Тексас во САД. Полицијата апелира до граѓаните да не се движат во центарот на овој град. Според овие информации, напаѓачот и понатаму бил на слобода. Како што пренесуваат медимути вооружен маж отворил оган во центарот на градот.

Жена стара 30 години биле убиена на лице место, а се стравува дека има уште жртви, додека три лица се повредени. Меѓу нив се наоѓаат две жени и еден маж кои веднаш биле хоспирализирани, но нивната состојба не е позната. Полицијата на Твитер додаде дека имало две различни пукања во истата област, како и тоа дека сега и двете места биле обезбедени.

Меѓутоа, полицијата не откри колку напаѓачи учествувале или каде точно се одвиле овие напади. Остин е главен и четврти по големина град во американската сојузна држава Тексас.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com